АМСМ: Сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар е нормализиран
- Сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар, кај мостот Ростушки, каде имаше преккин поради сообраќајна незгода, е нормализиран, информираат од АМСМ.
Скопје, 8 август 2025 (МИА) - Сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар, кај мостот Ростушки, каде имаше прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран, информираат од АМСМ.
Како што соопштуваат оттаму сообраќајот на државните патишта се одвива непречено.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се забележува зголемена фреквенција на возила, на Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. свс/ац/
Фото: МИА архива