• петок, 26 јули 2024

Амнести интернешнл бара Талибанците да забранат егзекуции во Авганистан

Амнести интернешнл бара Талибанците да забранат егзекуции во Авганистан

Исламабад, 23 февруари 2024 (МИА) – Организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешнл денеска ги повика владејачките талибанци во Авганистан да престанат да извршуваат егзекуции и да ја укинат смртната казна.

„Ние се спротивставуваме на сите егзекуции како кршење на правото на живот. Талибанците постојано ги спроведуваат јавно, што е груба навреда на човековото достоинство, како и кршење на меѓународните закони и стандарди и не може да се толерира“, соопшти организацијата.

„Извршувањето на егзекуции во јавност ја зголемува вродената суровост на смртната казна и може да има само дехуманизирачки ефект врз жртвата и брутален ефект врз оние кои се сведоци на егзекуциите. Во меѓувреме, заштитата на правото на правично судење според де факто власта на талибанците, останува сериозно загрижувачко, нагласува Амнести. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан