• вторник, 25 јуни 2024

Американски суд осуди поранешен лидер на банда од Хаити на 35 години затвор

Американски суд осуди поранешен лидер на банда од Хаити на 35 години затвор

Вашингтон, 25 јуни 2024 (МИА) – Судот во Мајами, во американската сојузна држава Флорида, го осуди поранешен водач на озлогласената банда на Хаити „400 Мавозо“, Џермејн Џоли на 35 години затвор поради перење пари од откуп од киднапирања и нелегална трговија со американско огнено оружје на Хаити.

На почетокот на годината Џоли, попознат како Јонион, призна дека бил вклучен во заговор за шверц на американско огнено оружје на Хаити и помогнал да се префрлат средства, од кои некои биле добиени од откупи од киднапирани американски државјани.

Бандата „400 Мавозо“ стана позната во април 2021 година кога киднапираа пет католички свештеници и две калуѓерки, вклучително и двајца француски државјани. Шест месеци подоцна, бандата киднапирала и 17 американски и канадски мисионери, меѓу кои и пет деца.

Сегашниот водач на групата, Џозеф Вилсон, познат како Ланмо Санжу, е на листата на најбарани на ФБИ поради неговата вмешаност во киднапирањата во 2021 година. ФБИ нуди награда до еден милион долари за информации за Санжу. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан