• недела, 22 декември 2024

Американска помош од 89 милиони долари за деминирање на експлозивни направи во Украина

Американска помош од 89 милиони долари за деминирање на експлозивни направи во Украина
 Вашингтон, 9 август 2022 (МИА) - САД доделија 89 милиони долари итна хуманитарна помош за Украина за справување со предизвиците од експлозивните направи на нејзина територија „создадени од бруталната војна на агресија на Русија“, соопштија денеска од Стејт департментот.  - Руската неиспровоцирана и незаконска инвазија на Украина контаминира огромни делови од земјата со мини, неексплодирана муниција и импровзиирани експлозивни направи. Гротескната употреба на имровизирани експлозивни направи од страна на руски актери може да се спореди само сличните акти на Исламската држава во Сирија, се наведува во соопштението.  Исто така се додава дека експлозивниот материјал блокира пристап до фармите, ги одолговлекува напорите за реконструкција и не им дозволува на раселените лица да се вратат во своите домови.  Владата на Украина оценува дека отприлика 160.000 квадратни километри територија може да е контаминирана со вакви експлозивни направи.  Парита од американската Влада ќе помогнат во ангажман на 100 тимови за деминирање и за помош и тренинг на украински проекти за деминирање и уништување на експлозивна муниција. кб/ми/   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан