Американската агенција за заштита на животната средина отпушти 388 луѓе
- Американската агенција за заштита на животната средина - ЕПА објави дека отпуштила 388 вработени ангажирани во последните две години за да ја усогласат својата работна сила со политиките за „енергетска доминација“ на претседателот Доналд Трамп.
![Американската агенција за заштита на животната средина отпушти 388 луѓе](https://mia.mk/images/20250215095957_big_730x400_67.webp )
Вашингтон, 15 февруари 2025 (МИА) - Американската агенција за заштита на животната средина - ЕПА објави дека отпуштила 388 вработени ангажирани во последните две години за да ја усогласат својата работна сила со политиките за „енергетска доминација“ на претседателот Доналд Трамп.
Агенцијата соопшти дека спровела „темелна проверка“ на нејзиниот пробен персонал, а тоа се вработени кои работеле помалку од две години.
„ЕПА отпушти 388 вработени на пробна работа по темелно разгледување на функциите на агенцијата во согласност со извршните наредби на претседателот Трамп“, рече портпаролката на ЕПА, Моли Васелиу.
Во исто време, администрацијата на претседателот Доналд Трамп соопшти дека ќе го одложи спроведувањето на мерките за енергетска и ефикасност на водата за вообичаените апарати велејќи дека овој потег ќе им даде на потрошувачите повеќе избор.
Министерството за енергетика соопшти дека ќе одложи седум мерки за ефикасност на апаратите што ги воведе поранешниот претседател Џо Бајден. паг/