• петок, 05 декември 2025

Јапонија, САД и Филипините ги завршуваат петдневните вежби во Јужното Кинеско Море

Јапонија, САД и Филипините ги завршуваат петдневните вежби во Јужното Кинеско Море

Токио, 21 јуни 2025 (МИА) - Јапонија, САД и Филипините пет дена симулираа кризни ситуации за време на поморските вежби во спорните води на Јужното Кинеско Море.

Ова беше втора заедничка вежба од ваков тип меѓу трите земји. Првата беше организирана на Филипините во 2023 година.

Вежбите, кои веќе завршија, се одржаа покрај југозападниот брег на Јапонија, во близина на градот Кагошима. Тие се одржуваат откако трите земји предупредија за дејствијата на Кина во Јужното Кинеско Море.

Пекинг тврди дека ја поседува речиси целата територија на ова море, и покрај пресудата на меѓународниот суд од 2016 година дека неговите тврдења немаат правна основа. Морето е место на конфронтации меѓу Кина и Филипините со години. Исто така, има редовни судири меѓу кинеските и јапонските патролни бродови околу спорните острови во Источнокинеското Море. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан