• петок, 05 јули 2024

Амбасадорот Силвестри ја претстави агендата на претседавањето на Италија со Комитетот на министри на Советот на Европа

Амбасадорот Силвестри ја претстави агендата на претседавањето на Италија со Комитетот на министри на Советот на Европа
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри вчеравечер во резиденцијата на Република Италија беше домаќин на состанок посветен на италијанското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа, кое почна на 17 ноември 2021 и ќе трае до 22 мај 2022. Како што информира Италијанската амбасада, Силвестри соопштил за агендата на италијанското претседателство  која се состои од богата серија настани: дел од нив се веќе реализирани, а останатите ќе се реализираат во преостанатиот период. Приоритетите вклучуваат и борба против насилството врз жените и против родовата дискриминација, како и заштитата на правата на децата и младите. -Италија одлучи да им даде приоритет и на две други теми, како што е заштитата на културното наследство - отсекогаш многу значајна тема за Италија - како и заштитата на човековите права, тема која во контекст на пандемијата добива димензија на „здравствена еднаквост“ и „социјална издржливост“, како потреба да се изгради иднина каде што човечкот е во центарот, вклучително и во однос на искушенијата во еден нов свет во кој сè поголемо влијание има и вештачката интелигенција, информира  Амбасадата. Посочува дека настанот бил можност да се презентираат некои од бројните иницијативи за соработка финансирани од Италија во Северна Македонија, од кои голем број се директно поврзани со темите на Претседателството. -Конкретно, беше претставен проектот посветен на пристапот до правда на најранливите слоеви од населението, проектите финансирани преку Фондот CEI-EBRD во рамките на програмата KEP (Know-how Exchange Program), вклучително и проектот посветен на трансфер на знаења меѓу Италија и Северна Македонија во областа на конзервација и иновативно управување со културното наследство и проектот „SMACH - Одржливо управување со културното наследство“ за одржливо управување со културното наследство наспроти заканите од климатските промени, промовиран од Меѓународниот универзитет во Венеција во соработка со други важни италијански и регионални институции, меѓу кои и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, соопшти Италијанската амбасада. На настанот присуствувале вицепремиерите Бојан Маричиќ и Славица Грковска, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, евроамбасадорот Дејвид Гир,  претставничката на Советот на Европа во Скопје, Каталин Тамус, како и претставници на граѓанското општество. -Амбасадорот најпрво го подвлече значењето на Советот на Европа како мултилатерален форум кој има за цел да ги обедини сите европски земји врз основа на заеднички вредности кои не можат да бидат прекршени, како што покажа неодамнешното суспендирање на правото на глас на Руската Федерација, се наведува во соопштението на Амбасадата. хс/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан