• петок, 22 ноември 2024

МДС: Поддршка на активностите на Мицунски за решавање на проблемите во дипломатијата

МДС: Поддршка на активностите на Мицунски за решавање на проблемите во дипломатијата

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Македонскиот Дипломатски Синдикат (МДС), ги поздравува и дава поддршка на активностите на новоименуваниот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во контекст на, како што велат, решавање на наталожените проблеми во македонската дипломатија.

-МДС во континуитет предупредуваше и укажуваше на бројни неправилности а неретко и флагрантни кршења на Законот за надворешни работи, но. бевме целосно игнорирани од претходните раководства, се вели во денешното соопштение од ИО на МДС.

МДС, додаваат оттаму, го охрабрува министерот Муцунски и во претстојниот период неселективно да продолжи со анализа на работата на највисоките државни претставници во дипломатијата и секаде каде што постојат индиции или се утврди прекршување на Законот за надворешни работи соодветно да постапува во рамките на неговите надлежности. сст/дма/

 

фото МИА архива

Остани поврзан