Трипуновски од Конче: Продолжуваме со директна комуникација со земјоделците
- Директната комуникација со земјоделците ќе продолжи и во наредниот период, порача министерот за земјоделие Цветан Трипуновски на средба со жители од населените места Лубница и Конче, кои претежно се занимаваат со сточарство и одгледување на тутун.
Конче, 17 април 2026 (МИА) - Директната комуникација со земјоделците ќе продолжи и во наредниот период, порача министерот за земјоделие Цветан Трипуновски на средба со жители од населените места Лубница и Конче, кои претежно се занимаваат со сточарство и одгледување на тутун.
Како што соопштија од Министерството за земјоделие, на средбата Трипуновски одговорил на прашањата на присутните и ги сослушал нивните идеи и предлози, нагласувајќи дека секоја сугестија од терен е добредојдена. бк/ев/
фото: МЗ