• петок, 22 ноември 2024

Димитриеска Кочоска-Гир: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за спроведување на реформскиот план

Димитриеска Кочоска-Гир: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за спроведување на реформскиот план

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која соговорниците се осврнаа на реформите коишто и претстојат на земјата во нејзиниот евроинтегративен процес, информираат од Министерството за финансии.

На средбата биле разменети мислења за активностите што ги презема Министерството за финансии како институција која е координатор во рамки на Економско-финансискиот дијалог со ЕУ, како и за Реформската агенда на земјата поврзана со новиот План за раст на Западен Балкан, а која активност ја реализира Министерството за финансии заедно со Министерството за европски прашања.

-Министерството за финансии ги координира активностите во рамки на Економско-финансискиот дијалог веќе 10 години и во тој процес има континуитет. Тоа искуство ќе се искористи и во рамки на реформскиот процес поврзан со Планот за раст на Западен Балкан, истакнала министерката.

Таа изразила уверување дека реформите што се поврзани со Министерството за финансии во рамки на тој евроинтеграциски процес ќе бидат во фокусот на работата, бидејќи, како што рекла, тие значат и унапредување на процесите и приближување на земјата до ЕУ стандардите.

На средбата било посочено дека ЕУ е значаен поддржувач на земјата од нејзината независност и дека таквата поддршка ќе продолжи и во наредниот период. сст/дма/

фото: Министерство за финансии

 

 


 

 

 

 

Остани поврзан