• сабота, 21 декември 2024

Амбасадорката на Романија во посета на Струмица

Амбасадорката на Романија во посета на Струмица

Струмица, 28 март 2023 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска беше домаќин на амбасадорката на Романија во нашата земја, Адела Моника Аксинте.

Струмичкиот градоначалник информираше дека со гостинката разговарале за повеќе актуелни теми.

-Средбата помина во мошне пријатна и пријателска атмосфера, а меѓу другото, имав чест да ја запознаам амбасадорката со карактеристиките и потенцијалите на Општина Струмица, како и за ангажманите што ги преземаме за нејзин континуиран развој, објави Костадинов.

Додаде дека и двајцата се согласиле дека треба да работат на негување и унапредување на односите меѓу двете земји, со посебен акцент на односите меѓу Амбасадата на Република Романија и Општина Струмица. рт/дма/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан