• сабота, 27 јули 2024

Ал Џезира: Според извор од Хамас, движењето е подготвено да ја продолжи хуманитарната пауза за дополнителни четири дена

Ал Џезира: Според извор од Хамас, движењето е подготвено да ја продолжи хуманитарната пауза за дополнителни четири дена

Доха, 29 ноември 2023 (МИА) - Извор близок до Хамас денеска најави дека исламистичкото движење е подготвено да го продолжи примирјето во Газа за дополнителни четири дена, во кое израелските заложници се разменуваат за палестински затвореници, јави Ал Џезира.

„Хамас ги информираше посредниците дека е подготвен да го продолжи примирјето за четири дена и дека движењето ќе може да ослободи израелски затвореници, што тие и други движења на отпорот ги задржаа во овој период, според условите на постојното примирје. “, изјави изворот од Хамас.

Според постојниот договор, Хамас мора да ги ослободи израелските деца и жени, не вклучувајќи ги и војниците на израелските одбранбени сили. Девет деца остануваат заложници во Газа, а најмалото има само 10 месеци, пренесува Тајмс оф Израел. ссм/

фото: архива

Остани поврзан