• четврток, 16 мај 2024

Алтернатива: Мерко е една нишка во пајажината на корупција што ДУИ ја создаваше 20 години

Алтернатива:  Мерко е една нишка во пајажината на корупција што ДУИ ја создаваше 20 години

Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Партијата „Алтернатива“ денеска излезе со став по вчерашната објава дека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кадар на ДУИ, е ставен на црната листа на САД. 

- После Холандија, и САД му стави печат на ДУИ како партија со корумпирани кадри кои влијаат врз правосудството. Ова е невиден скандал досега во нашата политичка сцена. Сепак ова за нас не е ниту новост, ниту ново изненадување. Рамиз Мерко е само една нишка во големата пајажина на корупцијата што ДУИ ја создаваше изминативе 20 години. Секако, зачудува фактот што МВР и Јавното обвинителство уште молчат, велат од Алтернатива.

Според оваа партија, забраната за влез во САД за високиот функционер на ДУИ поради корупција и влијание во правосудството, е уште еден доказ зошто треба да се прифати Предлог-амандманот со кој предметите поврзани со корупција никогаш не треба да застарат.

- Во овој случај, оставката на овој човек од функцијата градоначалник на Струга е последната чест што тој може да им ја направи на стружани, но се поставува прашањето каков е ставот на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, кој е овластено лице на Мерко во владата, во однос на оваа одлука на САД и на нивниот шеф, Али Ахмети? Како и да е, ние очекуваме Јавното обвинителство и МВР да преземат мерки, додека ДУИ ќе даде отчет до кога ќе владее со корупција и влијание над правосудството и тоа да го продава со патриотски ноти, посочуваат од „Алтернатива“. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан