• петок, 17 мај 2024

Алонсо ја менува Барса во Атлетико Мадрид

Алонсо ја менува Барса во Атлетико Мадрид

Барселона, 2 април 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона, Маркос Алонсо, кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид, пренесува шпанскиот весник „Спорт“.

Договорот на 33-годишниот фудбалер со каталонскиот гигант истекува на крајот од сезоната и тој ќе може да потпише со својот нов тим како слободен играч.

Според „Спорт“, двете страни веќе постигнале договор и Алонсо на лето ќе игра за Атлетико.

Маркос Алонсо се пресели во Барселона во 2022 година од англиски Челси, каде што помина шест сезони. Сепак, тој го мачеа повредите поради кои во досегашниот дел од сезоната за Каталонците учествуваше на само 7 натпревари. дс

Фото: Фејсбук

Остани поврзан