• сабота, 11 мај 2024

Алонсо е во списокот на Мерцедес за замена на Хамилтон

Алонсо е во списокот на Мерцедес за замена на Хамилтон

Бракли, 19 февруари 2024 (МИА) - Фернандо Алонсо е на списокот на возачи на Мерцедес од кои треба да избере наследник на седум кратниот светски шампион, Луис Хамилтон. Според Ендрју Бенсон од Би-Би-Си, Алонсо е на листата и е вистински кандидат за местото на Луис.

Хамилтон ги изненади сите во светот на Формула 1 кога претходно овој месец објави дека ќе го напушти Мерцедес на крајот на 2024 година и дека ќе биде возач на Ферари од 2025 година.

- Знам дека Алонсо е на таа листа, тоа е факт. Ова е неверојатно, со оглед на тоа што им се случи на Мерцедес и Алонсо во 2007 година за време на скандалот „спајгејт“ и се веруваше дека Мерцедес не сака да има ништо со него. Но, сега Мерцедес има нов извршен директор и откако Хамилтон очигледно си заминува, зошто да не се обиде да ја пополни празнината со Алонсо?, објасни Бенсон во поткастот „Чекерд флег“ на Би-Би-Си.

Алонсо веќе изјави дека негов приоритет ќе биде да остане во Астон Мартин до 2025 година доколку одлучи да продолжи да се трка по крајот на 2024 година.

- Претпоставувам дека сум привлечен за другите тимови. Тоа е поради мојот настап минатата сезона, а и на стартниот грид ќе има само тројца светски шампиони и еден од нив е под договор до крајот на 2024 година, изјави Шпанецот неодамна.дс

Фото: Фејсбук/Астон Мартин Ф1

Остани поврзан