• вторник, 03 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Алкараз трет полуфиналист во Барселона

Алкараз трет полуфиналист во Барселона

 

Барселона, 18 април 2025 (МИА) – Вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во полуфиналето на турнирот во Барселона, откако попладнево во два сета го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 7: 5, 6:3.

Алкараз до триумфот над седмиот играч на АТП листата дојде по еден час и 39 минути.

Шпанскиот тенисер освои четири гемови на сервисот на противникот, дозволувајќи му на Де Минор два брејка.

Алкараз во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Циципас-Фис.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Хачанов и Руне. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан