• недела, 22 декември 2024

Али Ахмети од Скопје:  ДУИ има кадри потребни на овој народ!

Али Ахмети од Скопје:  ДУИ има кадри потребни на овој народ!

Скопје, 9 март 2024

Демократската унија за интеграција вечерва во Скопје ја одржа Конвенцијата за промоција на кандидатот за претседател, г-дин Бујар Османи.

Денес започнува големата и најважна битка на новата генерација, битката за европска иднина, за еднаквост, за затворање на вратата на Русија и за отворање  на онаа кон Европа.

Пред исклучително голем број присутни граѓани свои обраќања имаа претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети, првиот албански премиер, г-дин Талат Џафери како и кандидатот за претседател, г-дин Бујар Османи.

ДУИ има кадри за оваа држава, за овој народ, така што ова е најголемата инвестиција што ја направивме, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Говорот го започнав со златните зборови од Есат Мекули, бидејќи помалку од четири реда ја раскажуваат целата историја на Албанците во поранешна Југославија. Порано го имаа тоа време за објаснување, но тоа време заврши. Веќе не гледаат како објаснување туку како премиер, како претседател. Во амфитеатарот каде се правеа антиалбански планови, денес имаме ученици Албанци, плановите на Младиќ пропаднаа, бидејќи секое достигнување го добивме со крв. Денеска го имаме Младиќ во Хаг и се радуваме овде во оваа сала. ДУИ, 22 години не знае за пораз, ние ја добивме секоја битка и воено и тактички. Заедно со народот постигнуваме се, ние со народот изградивме тврдина која не се урива, со знаме, јазик, традиција, историја, универзитети, па докажуваме дека сме способни и секогаш победници. ДУИ ги крена кадрите за оваа држава, за овој народ, така што ова е најголемата инвестиција што ја направивме. Не е лесно да се мерат со ДУИ, бидејќи сите инвестиравте во националните капитални дела, кои никој не може да ги откорне, рече во својот говор првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Се собравме да кажеме јасно, "НЕ" на РУСИЈА, "ДА" за ЕВРОПА! За Европа и со Европа заедно со Бујар Осман, додаде премиерот Џафери.

Ова е иницијатива на ДУИ, на сите да им покаже каде припаѓа. Али Ахмети во кампањата предупреди дека на ред е првиот албански премиер, тој тоа го кажа, па кажаното беше и направено. Кој мисли дека ќе ги сруши ДУИ и Али Ахмети греши, бидејќи неговото име потекнува од војна, работа и искреност. Од нас излегоа оние кои не се посакувани денес, но за неколку дена ќе им покажеме на сите кој каде припаѓа. Се собравме да кажеме јасно, "НЕ" РУСИЈА, "ДА" за ЕВРОПА. За Европа и со Европа, заедно со Бујар Османи. Оној кој доброволно не претставуваше во ОБСЕ и МНР. Бујар ќе ни биде домаќин на 24 април, на 8 мај, додека на 9 мај не очекува големата прослава, истакна пред присутните премиерот, Талат Џафери.

Докажавме дека можеме да имаме успешен претседател на Собранието, успешен премиер, сега на нас, нашата генерација е да докажеме дека можеме да имаме и успешен претседател на Републиката, оцени истовремено претседателскиот кандидат и министер за надворешни работи, Бујар Османи.

За време на мандатот како вицепремиер за европски прашања и неодамна како министер за надворешни работи, особено како претседавач со ОБСЕ, имав привилегија да ја претставувам нашата Република на светската сцена и да работам со меѓународната дипломатија за глобален мир, истовремено подигајќи ги интересите на нашата држава. Јасен сум за новите перспективи каде што мора да се фокусираме за да ги отстраниме бариерите кои сè уште не оддалечуваат од широкиот пат на напредок и развој што ги нуди 21-от век. Како активен член на албанскиот народ и како посветен граѓанин на Република Северна Македонија, имам богато искуство, силна волја и нова визија да го подигнам угледот на нашата држава повисоко, воспоставувајќи соодветни партнерства и зголемување на пријателите, со кои ги обединуваат нашите вредности на меѓународната сцена, заедно да го направиме патот за градење на иднината на нашите граѓани. Докажавме дека можеме да имаме успешен претседател на Собранието, успешен премиер, сега на нас, на  нашата генерација е да докажеме дека можеме да имаме и успешен претседател на Републиката. Претседател кој ќе обединува, но и претседател кој ќе се грижи за институциите и почитувањето на уставниот поредок, истакна кандидатот за претседател и воедно министер за надворешни работи, Бујар Османи.

 

Демократска унија за интеграција

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан