• вторник, 05 ноември 2024

Алијансата за Албанците: Посветено ќе продолжиме да се залагаме за укинување на формулацијата „20 проценти“ од Уставот

Алијансата за Албанците: Посветено ќе продолжиме да се залагаме за укинување на формулацијата „20 проценти“ од Уставот
Скопје, 31 октомври 2022 (МИА) - Алијансата за Албанците е посветена и ќе продолжи да се залага и во иднина да го реши и отстрани овој наратив за Албанците, истакнуваат од партијата преку соопштение во врска со формулацијата „јазик што го зборуваат над 20 отсто од населението“ и да стои само албански јазик. Од партијата посочуваат дека в.д. претседателот Арбен Таравари ги повикал сите партии да седнат на маса. - Ние бевме и сме за соработка со сите политички партии со единствена цел да го решиме овој проблем. в.д. претседателот на АА, Арбен Таравари, ги повика сите партии да седнат на маса и ние сме подготвени да седнеме ден поскоро, кога сите ќе бидат подготвени, велат од Алијансата за Албанците. фф/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан