• недела, 21 јули 2024

Алжирецот Атал идниот месец на суд поради антисемитизам

Алжирецот Атал идниот месец на суд поради антисемитизам

 

Ница, 25 ноември 2023 (МИА) – Фудбалерот на францускиот прволигаш Ница, Јусеф Атал, ќе се појави идниот месец на суд под обвинение за поттикнување омраза, откако објави антисемитска порака на социјалните мрежи.

Француската лига минатиот месец го суспендираше Атал на седум натпревари, а алжирскиот репрезентативец беше суспендиран и од неговиот клуб.

Француските медиуми објавија дека Атал претходно неделава бил приведен на сослушување, а ќе се појави на суд на 18 декември поради поттикнување омраза од верски причини.

Атал во петокот беше пуштен со кауција од 80.000 евра и е под судски надзор до почеток на судењето.

Изречена му е забрана да ја напушти Франција, освен за меѓународни фудбалски натпревари. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан