• недела, 22 декември 2024

ФА официјално објави конкурс за селектор на Англија

ФА официјално објави конкурс за селектор на Англија

Лондон, 21 јули 2024 (МИА) - Герет Саутгејт ја напушти функцијата селектор на Англија по поразот во финалето од Шпанија на ЕП 2024 и местото сега е испразнето.

Токму поради оваа причина, раководството на ФА официјално објави конкурс на кој може да се пријави секој кој мора да исполни соодветни услови.

Мора да има УЕФА Про лиценца, мора одлично да го познава англискиот фудбал, има големо искуство, како и добри резултати во Премиер лигата и на меѓународна сцена. Исто така, се наведува дека мора да бидат присутни и лидерски квалитети.

Целта е да се победи на големо натпреварување - европско или светско првенство.

Рокот за пријавување е 2 август, по што ќе се анализираат апликациите.

Засега има три главни фаворити за работата - Маурицио Покетино, Еди Хау и Греам Потер.

А дебито на новиот селектор на Англија се очекува да го има на 7 септември во Лигата на нации против Ирска. дс

Фото: ФА

Остани поврзан