• петок, 22 ноември 2024

Алек Болдвин обвинет за убиство од небрежност

Алек Болдвин обвинет за убиство од небрежност

Санта Фе, 21 февруари 2023 (МИА) - Обвинителството во Ново Мексико (САД) се откажа од барањето петгодишна затворска казна поради обвинението за недозволено ракување со огнено оружје за глумецот Алек Болдвин во врска со убиството на снимателката Халина Хачинс на снимањето на „'Рѓа“.

- Обвинителите направија фундаментална правна грешка, изјави Лук Никас, еден од адвокатите на Болдвин.

Тимот на американскиот глумец тврди дека обвинението за недозволено ракување со оружје во случајот е неуставно, бидејќи ја прекршува одредбата од Уставот на САД којашто забранува ретроактивно менување на законските казни за некое обвинение. Обвинителите потоа одлучија наместо за недозволено носење оружје, да покренат обвинителен акт само за убиство од небрежност, за коешто Болдвин може да добие казна затвор до 18 месеци, доколку биде прогласен за виновен, пренесува лондонски „Гардијан“. 

Окружното обвинителство во Санта Фе соопшти дека одлуката за отфрлање на обвинението за кривично дело е донесена, наводно, за да се избегне подолг правен спор со адвокатскиот тим на Болдвин.

„Приоритет на обвинителството е да ја задоволи правдата, а не да им дава можност за хонорари на скапите адвокати од големите градови врз основа на наплатливите часови ангажман“, соопштуваат од обвинителството.  си/

Остани поврзан