• вторник, 30 април 2024

Албанските туристички оператори и вработени во Министерството за туризам блокирани во Израел

Албанските туристички оператори и вработени во Министерството за туризам блокирани во Израел

Тирана, 14 април 2024 (МИА) – Повеќе туристички оператори и вработени во Министерството за туризам на Албанија се блокирани во Израел, јави Топ чанел.

- Покрај Албанците кои живеат во Израел, опасноста ја чувствуваат и албански тур-оператори и претставници на Министерството за туризам, кои се во куса посета. Ден пред ненадејниот напад од Иран, на покана на албанската амбасадорка Мери Кумбе во соработка со израелските власти учествуваа во туристичка активност „Albania all senses“ каде што беа присутни и израелски туристички оператори, наведува телевизијата.

Тие на 11 април полетале од Тирана за Тел Авив, а денеска требало да се вратат во Албанија, но летот е откажан. Ветено им е дека на 19 април ќе биде организиран чартер за Кипар.

Информацијата за Топ чанел ја потврдуваат од албанскиот туристички сојуз, од каде додаваат дека гостите Албанци локалните власти ги сместиле во хотелот Кемпински во Тел Авив, лоциран во област блиску до Амбасадата на САД.

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија соопшти дека е во континуирана комуникација со сите албански државјани кои се во Израел, со привремен или постојан престој. вт/ми/

 

Остани поврзан