• среда, 26 јуни 2024

Албанскиот претседател Бегај во дводневна официјална посета на Германија

Албанскиот претседател Бегај во дводневна официјална посета на Германија

Тирана, 18 јуни 2024 (МИА) - Албанскиот претседател Бајрам Бегај заминува во дводневна официјална посета на Германија,  на покана на неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер.

Нивната средба е закажана за в среда по што следува средба на делегациите на двете земји.

Во фокусот на средбите меѓу двајцата претседатели ќе бидат билатералните односи меѓу Албанија и Германија, евроинтеграцискиот процес на Албанија, настаните на Балканот, Берлинскиот процес кој промовира приближување на Западен Балкан кон ЕУ,  како и други значајни меѓународни прашања кои се однесуваат на одбраната и безбедноста, јави АТА.

Се очекува Бегај да се сретне и со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, и со поранешниот известувач за Албанија во Европскиот парламент, Кнут Флекенштајн.

Планирана е средба и со претставници на албанската дијаспора во со која ќе разговара околу економската, социјалната и политичката интеграција на Албанците во Германија. вт/
Фото: Бегај ФБ

Остани поврзан