• петок, 05 јули 2024

Албанската заедница одржа протест во Лондон против изјавите на министерката Браверман

Албанската заедница одржа протест во Лондон против изјавите на министерката Браверман
Тирана, 12 ноември 2022 (МИА) -  Албанската заедница во Велика Британија денеска организираше протест во Лондон, во знак на незадоволство од навредливата изјава на министерката за внатрешни работи Суела Браверман која албанските имигранти ги нарече криминалци, јавија албанските медиуми.
Протестот се одржал кај саат кулата, во близина на Парламентот, а учесниците носеле транспаренти на кои пишувало „Ние работиме, ние плаќаме даноци", „Суела треба да се протера во Руанда", „Суела кажува лаги" и „Горд сум што сум Албанец".
Како што јави дописничката на МИА од Тирана, албанските емигранти кои живеат во Велика Британија ја обвинија тамошната  влада дека ги злоупотребува за да ја оправда „неуспешната"  имиграциска политика во Британија и го критикуваа Министерството за внатрешни работи порачувајќи му дека тие влијаат на безбедноста на земјата.
Весникот „Дејли мејл", кој редовно информира околу ова прашање, ги пренесува нивните реакции при што Албанците наведуваат дека дошле во Британија за подобар живот и дека е неприфатливо да бидат етикетирани како „бандити или крадци“.
Критикувајќи ја изјавата на министерката, што според него е разочарувачка и навредлива, албанскиот премиер Еди Рама рече дека во Велика Британија живеат 140 илјади Албанци и оти над 70 отсто од нив се интегрирале во британското општество. вт/паг/

Остани поврзан