• вторник, 20 февруари 2024

Албанија ќе претседава со Централноевропската иницијатива

Албанија ќе претседава со Централноевропската иницијатива

Тирана, 26 ноември 2023 (МИА) - Од први јануари Албанија го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), објави министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани.

Тој на социјалната мрежа Икс објави дека Албанија ќе ја унапреди мисијата за регионална соработка и интеграција во ЕУ.

- Бидејќи Албанија го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ние остануваме посветени на унапредување на мисијата и целите на ЦЕИ во поттикнувањето на регионалната соработка, интеграцијата во ЕУ и одржливиот развој, наведе Хасани. вт/ми/

Фото: Хасани Икс

Остани поврзан