• четврток, 21 ноември 2024

Албанија: Сојузниците почнаа да го напуштаат Бериша

Албанија: Сојузниците почнаа да го напуштаат Бериша

Тирана, 26 февруари 2024 (МИА) - Сојузниците почнаа да му ја откажуваат лојалноста на Сали Бериша, лидер на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија, кој е во домашен притвор поради вмешаност во корупција.

Прв тоа го најави Дашамир Шехи, лидер на Движењето за национален развој, најавувајќи враќање во Парламентот.

- Однесувањето на опозицијата ја влоши ситуацијата. Битката треба да се води во Собранието, а не на улица, затоа ги повикувам пратениците од опозицијата да се откажат од стратегијата на хаос во законодавниот дом, што ја предизвикуваат повеќе месеци, вели тој.

Шехи е поранешен член на Демократската партија и ексминистер. По напуштањето на партијата ја формираше партијата Движење за национален развој, но редовно е во обединетата опозиција.

-На опозицијата и предлагам да се врати во Собранието, како што доликува на оние кои ги избрал народот; да се бори за измени на изборниот законик и да се регулираат односите со меѓународните претставници. Сметам дека опозицијата треба да излезе со став и за САД. Еден дел ги обвинува, другиот дел е со нејасен став, нагласи Шехи.

Тој јасно кажа дека нема да биде дел од опозициската коалиција, за што договор неодамна потпишаа 11 партии, бидејќи „ таа се врти само околу Обновата на ДП на Бериша“. вт/ссм/

Остани поврзан