• сабота, 23 ноември 2024

Албанија бележи уште еден многу важен чекор во процесот на интеграција во ЕУ 

Албанија бележи уште еден многу важен чекор во процесот на интеграција во ЕУ 

Тирана, 26 ноември 2023 (МИА) - Албанското Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), информираше дека  во Брисел успешно е завршен процесот на проверка познат како „скрининг“.

- Овој процес траеше 14 месеци со 777 презентации, со учество на над 1.500 албански и 1.000 експерти од Европската комисија. Од 2022 година, беа одржани 300 објаснувачки и билатерални состаноци, се наведува во соопштението на МЕНР.

Исто така се додава дека овој процес ја приближува Албанија до Европска Унија и ја прави земјата поподготвена за понатамошните фази на интеграција.

Следниот чекор, се посочува во соопштението, е отворање на првата група поглавја за основни прашања и се оценува дека е „поттик за интензивен ангажман, со цел да се забрза процесот на пристапување на Албанија во ЕУ". вт/ми/

фото: МЕНР

Остани поврзан