• сабота, 27 април 2024

Акција на Црвен Крст Делчево ,,Вашиот прилог, значајна помош"

Акција на Црвен Крст Делчево ,,Вашиот прилог, значајна помош

Делчево, 20 април 2024 (МИА) - Организацијата на Црвен крст Делчево се вклучи во одбележувањето на Неделата на солидарноста. Оваа година акцијата се одвива под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“, а за таа цел волонтери од Црвен крст Делчево имаат поставено свој штанд на градскиот пазар во Делчево.  

-Во акцијата може да се донира храна, средства за хигиена, облека, обувки и слично. Целта на оваа акција е да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и да се обезбеди соодветна помош за најранливата категорија на население, истакнаа од Црвен Крст Делчево.  

Акцијата годинава се одбележува од 15 до 21 април 2024 година. 

-Со собраните средства ќе се набават пакети со храна и истите ќе се дистрибуираат на семејства во социјален ризик. Со секој обезбеден пакет со храна овозможувате да се помогне на што поголем број семејства на кои таа помош им е неопходна, додадоа од Црвен Крст Делчево.

Од Црвен крст Делчево апелираа и упатија повик до граѓаните, фирмите и институциите да ја покажат својата солидарност и хуманост со масовно вклучување во оваа акција. вс/нд/

Фото: Црвен крст

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан