• петок, 05 декември 2025

Акција за собирање кабаст отпад во Куманово

Акција за собирање кабаст отпад во Куманово

Куманово, 13 септември 2025 (МИА) - Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ организираат акција за собирање на кабаст отпад, информираше градоначалникот на општината Максим Димитриевски. Граѓаните до утре ќе имаат можност да го одложат отпадот на три локации. Поставени се големи корпи за собирање на отпадот во три населби, Гоце Делчев, Бабин Дол и Тоде Мендол.

-Апелираме до сите граѓани кабастиот отпад (стар мебел, електрични уреди, големи предмети и сл.) да го одложуваат исклучиво на наведените локации, во предвидениот период. Заедно придонесуваме за почиста и поуредна средина, повика кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Акцијата се организира во согласност со насоките од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Несовесни граѓани од Куманово исфрлаат фотелји, кревети, гарнитури на несоодветни локации, од комуналното претпријатие „Чистота и зеленило“ постојано апелираа до граѓаните да достават барања до нив за да се организираат акции за собирање на кабаст отпад.

Често се случува ваков вид отпад да заврши и во речното корито. Кумановци, граѓански организации реагираат на ваквата појава која ја загадува животната средина и бараат од инспекциските служби соодветни санкции. ам/мд/


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан