• четврток, 25 април 2024

Акција за пошумување по повод Денот на пролетта и екологијата во Македонска Каменица

Акција за пошумување по повод Денот на пролетта и екологијата во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 21 март 2023 (МИА) - Доаѓањето на пролетта во Македонска Каменица се одбележува со акција за пошумување. Акцијата која е во организација на Јавното претпријатие „Камена Река" како што информираше каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски се спроведува заедно со сите вработени во Општина Македонска Каменица. 

-Како локална самоуправа се приклучивме на традиционалната акција за пошумување на неколку локации. Оваа година, преку ЈП "Камена Река" ќе засадиме рекорден број нови дрвни видови, но и цветно-декоративно ќе го уредиме градот. Заштитата на животната средина и енергетската ефикасност се наш врвен приоритет. Продолжуваме посветено, истакна Атанасовски.
 
Поволните временски услови ЈП „Камена Река" деновиве ги искористи за засадување на нови садници и ранопролетно третирање на постоечките декоративни зимзелени дрвја.
 
-Со пролетната акција за засадување на декоративни садници, надополнето со садење на цветни аранжмани, се опфатени скоро сите зелени простори и урбани површини во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Користејќи ги сите ресурси и капацитети на Јавното претпријатие, ќе продолжиме посветено да работиме Македонска Каменица да биде најубавиот и најзелениот град, истакнаа од претпријатието.
 
Во денешната акција за пошумување активно учество зеде и еколошкото друштво „Здравец 2002". вс/лв/
 
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан