• среда, 20 ноември 2024

Активистите во Париз обоија во црвено два споменика

Активистите во Париз обоија во црвено два споменика
Париз, 22 јуни 2020 (МИА) - Два споменика во Париз поврзани со француската колонијална ера денеска се исфарбани со црвена боја. Едниот споменик е на Ибер Лиоте, кој служеше во Мароко, Алжир, Мадагаскар и Индокина додека беа под француска контрола, а за време на Првата светска војна беше француски министер за војна. Другиот обоен споменик е на Волтер, водечки мислител на француското просветителство, кој дел од богатството го стекна со трговија. Акцијата уследи откако се поголем број активисти, кои се борат против расизмот во неколку држави, бараат уривање на спомениците на историскте личности, кои биле дел од трговијата со робови или со колонијализмот. ми/

Остани поврзан