• понеделник, 23 декември 2024

Актерот од „Дневниците на Чернобил" пронајден мртов

Актерот од „Дневниците на Чернобил
Лос Анџелес, 27 април 2020 (МИА) - Глумецот Димитри Дијаченко, најпознат по улогата на Ури во филмот „Дневниците на Чернобил" (Chernobyl Diaries), викендов е пронаjден мртов во својата куќа на Флорида. Причина за смртта на американскиот глумец, според првичните информации, најверојатно е срцев удар. Неговите соработници сведочат дека тој пред извесно време се повредил на работа и заздравувал од последици од струен удар, се наведува во полицискиот извештај. Дијаченко е роден во 1968 година, во Сан Франциско, Калифорнија, САД. Татко му е по потекло Украинец, а мајка му од Шведска. Освен во „Дневниците на Чернобил" (2012), тој беше познат и по своите улоги во бројни познати серии како то се „Коски", „Две девојки без пари" „Како ја запознав мајка ви" и „ЦСИ: Мајами". Пред пет години стана познат по својата контроверзност... На својата поранешна девојка ѝ испраќал слики од нивниот домашен зајак убиен и зготвен. Дијаченко тоа го направил како одмазда за раскинувањето, и за тоа беше осуден на 60 дена општокорисна работа.  си/гт/

Остани поврзан