• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ако го елиминира Карабах, Шкендија во плејофот на ЛШ ќе игра со поуспешниот од двојката Лудогорец – Ференцварош

Ако го елиминира Карабах, Шкендија во плејофот на ЛШ ќе игра со поуспешниот од двојката Лудогорец – Ференцварош

Нион, 4 август 2025 (МИА) - Македонскиот фудбалски првак Шкендија во случај да го мине Карабах, во плејофот на Лигата на шампионите ќе се соочи со победникот од двомечот Лудогорец – Ференцварош.

Вака одлучи денешената жрепка во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Овие натпревари би се играле на 19/20 и 26/27 август.

Фазата од осум кола во Лигата на шампионите ќе започне на 16 септември 2025 година и ќе заврши на 28 јануари 2026 година. Ждрепката за главниот турнир ќе се одржи на 28 август.

Бранител на трофејот во Лигата на шампионите е Пари Сен-Жермен кој во финалето за сезоната 2024/25 го совлада Интер со 5:0. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан