Спалети го состави својот ол-стар тим од најдобрите играчи што ги тренирал
- Италијанскиот тренер Лучијанио Спалети состави тим од најдобрите играчи што некогаш ги тренирал, објави „TUTTO mercato WEB“.
Рим, 13 октомври 2025 (МИА) - Италијанскиот тренер Лучијанио Спалети состави тим од најдобрите играчи што некогаш ги тренирал, објави „TUTTO mercato WEB“.
Ол-стар тимот на Италијанецот е составен од: Војчех Шченсни, Џовани Ди Лоренцо, Калиду Кулибали, Кристијан Киву, Марек Јанкуловски, Давид Пизаро, Даниеле Де Роси, Мохамед Салах, Франческо Тоти, Квича Кварацхелија и Един Џеко.
Спалети во својата тренерска кариера ги предводеше Наполи, Интер, Рома, Зенит, Удинезе и беше селектор на италијанската репрезентација. зс/
Фото: ЕПА