• понеделник, 17 ноември 2025

Познати полуфиналистите на Светското јуниорско фудбалско првенство

Познати полуфиналистите на Светското јуниорско фудбалско првенство

Валпараисо, 13 октомври 2025 (МИА) – На Светското првенство за фудбалери до 20 години во Чиле ноќеска се одигра последниот натпревар од четвртфиналната фаза. Франција ја победи Норвешка со 2:1 и избори полуфинале.

Двојки за полуфиналето:

Мароко – Франција

Аргентина - Колумбија.

Натпреварите ќе се одржат на 15 и 16 октомври. Победниците ќе се пласираат во финалето, а поразените ќе играат во натпреварот за третото место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан