• четврток, 04 декември 2025

Барселона има намера да го купи Рашфорд од Манчестер јунајтед

Барселона има намера да го купи Рашфорд од Манчестер јунајтед

Барселона, 12 октомври 2025 (МИА) - Барселона е заинтересирана да го потпише напаѓачот Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, објави „The Sun“.

Дваесет и седумгодишниот Англичанец дојде во каталонскиот клуб на позајмица во јуни 2025 година до крајот на сезоната.

„Блауграната“ ќе мора да плати околу 29 милиони евра како фиксна такса за играчот, со дополнителни седум милиони евра.

Рашфорд има 10 настапи за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи три гола и пет асистенции. 

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 40 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан