Владејачката партија во Азербејџан по изборите го задржа парламентарното мнозинство
- Владејачката партија во Азербејџан успеа да го задржи мнозинството во Парламентот по предвремените парламентарни избори одржани вчера, покажаа прелиминарните резултати, а меѓународните набљудувачи предупредија на недостатоци и кампања без плурализам.
Баку, 2 септември 2024 (МИА) - Владејачката партија во Азербејџан успеа да го задржи мнозинството во Парламентот по предвремените парламентарни избори одржани вчера, покажаа прелиминарните резултати, а меѓународните набљудувачи предупредија на недостатоци и кампања без плурализам.
Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), која се грижи за заштита на човековите права, го критикуваше гласањето со образложение дека тоа не се одржало во согласност со демократските стандарди.
Ова се први избори во земјата откако властите ја вратија целосната контрола врз поранешната отцепена територија Карабах во молскавична офанзива минатата година.
Партијата „Нов Азербејџан“ на претседателот Илхам Алиев треба да освои 68 од 125 места во парламентот, покажуваат прелиминарните резултати на Централната изборна комисија. рп/
Фото: МИА архива