• недела, 22 декември 2024

Аеродромот во Тирана го обезбедуваат воената и специјалната полициска единица

Аеродромот во Тирана го обезбедуваат воената и специјалната полициска единица
Тирана, 7 април 2021(МИА) - Воената полиција и силите за брза интервенција се вклучија во обезбедувување на аеродромот во Тирана. Ова доаѓа поради штрајкот што денеска го започнаа контролорите на АлбКонтрол, обвинуањата на минстерката за инфраструктура Белинда Балуку, која овој чин го нарече државен удар, кој според премиерот ЕдРама го поттикнале претседателот Илир Мета и Сали Бериша. Минстерот за одбрана Нико Пелеши изјави дека аеродромот е од стратешко значење и затоа мора да се обезбедува. Контролорите на летање „АлбКонтрол“ престанаа да работат, поради што откажан се сите летови. Тие меѓу другото бараат да им се врати износот на месечна плата од 4.400 долари, колку што земале до крајот на 2019 наместо актуелната 2.490 долари, која е намалена поради намалениот обем на работа. Според министерката Балуку сообраќајот е намален за 57 отсто, а контролорите се платени со 43 отсто, врз основа на обемот на работа. Додава дека покрај високите плати, контролорите имаат и други привилегии, како што е фактот дека работат само 17 дена месечно, или 205 дена во годината. -Со блокирањето на воздушниот сообраќај се доведува во прашање и здравјето на нашите граѓани бидејќи денеска е спречено приситигнувањето на најавените пратки со вакцини против Ковид-19, рече Балуку. Контолорте уште бараат да бидат вратени на работа сите нивни колеги кои се отпуштени, укинување на одлуките на Управниот одбор, враќање на целосната плата според колективниот договор, целосна финансиска транспарентност за 2020 година и претставник на нивниот синдикат да биде член на Управен одбор.вт/

Остани поврзан