• петок, 22 ноември 2024

АД ЕСМ додели стипендии на единаесет студенти од Техничкиот факултет - Битола

АД ЕСМ додели стипендии на единаесет студенти од Техничкиот факултет - Битола

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - АД ЕСМ додели стипендии на 11 студенти од Техничкиот факултет – Битола, во износ од 80.000 денари годишно и се доделуваат за 10 месеци, односно во текот на целата академска година, информираат од АД Електрани на Северна Македонија.

Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, а стипендиите се продолжуваат еднаш годишно врз основа на исполнување на утврдени критериуми пропишани во договорите за стипендирање што, пак, се услов за продолжување на стипендиите.

- АД ЕСМ, преку својата Подружница РЕК Битола беше, е и ќе остане столб на битолската економија и стопанство, а ќе остане основа и столб и на електроенергетскиот систем на Македонија. Затоа, ве повикувам сите тука присутни и останатите ваши колеги од Техничкиот факултет Битола да вложувате во вашето знаење. Ние сме тука да ве поддржиме, со желба наскоро да ве имаме и во нашите производствени капацитети, порача генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов.

Од компанија истакнуваат дека традиционално вложуваат во образованието и доделувањето и продолжувањето на стипендии за АД ЕСМ, како општествено-одговорна компанија, е востановена практика повеќе од 10 години и претставува поддршка на образовниот процес.

- На тој начин, АД ЕСМ директно го поддржува образовниот процес и создавањето кадри што се прифатени, барани и неопходни на пазарот на трудот, особено од областа на електротехниката, машинството и информациските технологии, истакнуваат од АД ЕСМ. ир/са/

Фото: АД ЕСМ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан