• вторник, 16 април 2024

Адетокунбо го фаворизира Грифин за нов тренер на Милвоки

Адетокунбо го фаворизира Грифин за нов тренер на Милвоки

Милвоки, 25 мај 2023 (МИА) – Управата на Милвоки бакс избра тројца конечни кандидати за главен тренер: Ник Нурс, Кени Аткинсон и Адријан Грифин.

 

Од петте тимови кои моментално се отворени за позицијата главен тренер, Милвоки е најблиску до решавање на ова прашање.

 

- Во моментов се води дијалог со Јанис Адетокунбо. Голем дел од одлуката се очекува да зависи од неговото мислење. А Јанис, колку што знам, е заинтересиран од можноста да работи со Адријан Грифин, пишува инсајдерот Марк Стајн.

 

Грифин работи како помошен тренер од сезоната 2008/09. Првите две сезони ги помина во Милвоки. Последните пет години - во Торонто, каде што стана шампион во НБА (2019). зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан