• четврток, 26 декември 2024

Адеми: Се согласуваме со Пендаровски дека треба да го одржиме европскиот курс

Адеми: Се согласуваме со Пендаровски дека треба да го одржиме европскиот курс

Скопје, 19 декември 2023 (МИА) - Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми рече дека сите теми со кои сме се соочиле во последниве четири-пет години биле застапени во обраќањето на претседателот Стево Пендаровски. 

-Тоа што треба да се истакне и во оваа прилика се две прашања – одржување на добри меѓуетнички односи и одржување на европскиот курс на државата се тие теми за кои се залага ДУИ од своето формирање па до денес. Треба да направиме се за да ја задржиме Република Северна Македонија на европските шини и не само Северна Македонија туку и целиот регион, така што и излагањето на претседателот во насока на уставните измени оди во тој прилог, рече Адеми. 

Според него, не само од наредниот состав, туку и во овој состав треба да се направат титански обиди за да успее усвојувањето на уставните амандмани имајќи предвид дека друга алтернатива немаме освен зачленување на нашата држава во ЕУ, имајќи предвид, како што рече, „и тие што се против немаат издржана причина зошто не би гласале за уставните измени“.

-И секако тука се разликуваат тие што имаат државнички пристап, кои мислат за следните генерации и тие вообичаени политичари кои мислат само како да добијат еден глас повеќе на следните избори без да водат сметка за општиот интерес на граѓаните, рееч Адеми. 

Додаде дека се согласуваат со претседателот дека членството во НАТО е една од најзначајните наши одлуки, како и дека наша обврска е да ја зачуваме поддршката за ЕУ. ев/са/

Фото: МИА

Остани поврзан