Агентот на Левандовски за иднината на напаѓачот во Барселона: Секако, тој останува
- Агентот на Роберт Левандовски, Пини Захави изјави дека напаѓачот нема да ја напушти Барселона.

Барселона, 20 декември 2023 (МИА) - Агентот на Роберт Левандовски, Пини Захави изјави дека напаѓачот нема да ја напушти Барселона.
Вчера агентот, кој ги застапува интересите на 35-годишниот напаѓач, вечерал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. Тие имаат долгогодишна пријателска врска.
Кога Захави го напушташе ресторанот, беше прашан дали Левандовски ќе ја напушти Барселона.
- Секако дека останува - одговори агентот.
Забележано е дека изненадувањето било забележливо на неговото лице по добивањето на прашањето.
Левандовски оваа сезона постигна девет гола и четири асистенции на 20 настапи за Барселона во сите натпреварувања. зс/
Фото: ЕПА