• понеделник, 23 декември 2024

Автобуски постојки за градскиот превоз и занимална во детската градинка во Кочани донираше компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“

Автобуски постојки за градскиот превоз и занимална во детската градинка во Кочани донираше компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“

Кочани, 20 октомври 2023 (МИА) – Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани денеска донираше седум автобуски постојки за
градскиот линиски превоз и опремена занимална во објектот „Бамби“ на детската градинка „Павлина Велјанова“.

Донацијата е во рамки на одбележувањето на десетгодишнината од работењето на компанијата, која во изминатиот период прерасна во еден од
најголемите стопански капацитети во Источниот регион.

-Во координација со Локалната самоуправа утврдивме дека е потребно да се изградат нови и да се реконструираат старите автобуски постојки во градот. Тоа е од заеднички интерес, затоа што ние имаме околу три илјади вработени, голем дел од нив се од Кочани и регионот и тие ги користат постојките додека чекаат превоз за работа. Сега постојките се унифицирани, со лого на компанијата и Општината, а поставена е и мапа на линиите на градскиот превоз. Со донацијата во детската градинка реконструиравме и опремивме просторија во која ќе се згрижат дваесетина дечиња и се надеваме дека ќе биде отворена како нова возрасна група, со оглед што интересот на родителите е голем, истакна Сашко Наков, директор на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов и директорката на детската градинка, Јованка Ефтимова упатија благодарност за донациите, нагласувајќи дека примерот за општествена одговорност на „Амфенол“ треба да ги поттикне и останатите субјекти во општината и регионот да помагаат во заедницата.

Во рамки на одбележувањето на 10. роденден на „Амфенол Технолоџи Македонија“ викендов ќе се одржи свеченост на која ќе бидат доделени награди и признанија за вработените кои непрекинато работат пет и десет години, а за в понеделник е најавена музичко-забавна вечер со Влатко Лозаноски и Гоца Тржан во градскиот парк во Кочани. та/љм/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан