• четврток, 20 февруари 2025

Австрија се приближува до договор за центристичка коалиција по неуспехот на екстремната десница

Австрија се приближува до договор за центристичка коалиција по неуспехот на екстремната десница

Виена, 20 февруари 2025 (МИА) - Двете најголеми австриски центристички партии брзо се движат кон коалициски договор без екстремно десничарската Партија на слободата, откако таа партија не успеа да формира влада, изјавија денеска партиски претставници.

Ако конзервативната Народна партија и социјалдемократите успеат да постигнат договор со одреден степен на поддршка од помалите центристички партии, тоа ќе биде „трета среќа“, имајќи превид дека првиот обид предводен од Народната партија не успеа во јануари, а потоа не успеа и обидот кој го предводеше евроскептичната, проруска Партија на слободата минатата недела.

Ова се најдолги напори на Австрија да формира влада од Втората светска војна. Доколку наскоро не се најде решение, веројатно ќе има предвремени избори, а анкетите покажуваат дека во тој случај Партијата на слободата би освоила повеќе од 29 отсто колку што освои на парламентарните избори во септември и би избила на врвот.

Откако напорите предводени од Партијата на слободата не успеаја, претседателот Александар Ван дер Белен, кој го надгледува формирањето на владата, рече дека остануваат четири опции: предвремени избори кои би можеле да се одржат најрано за три месеци, малцинска влада, нов обид да се формира коалиција која би можела да има мнозинство или привремена влада на експерти. рп/

Фото: МИА архива



Остани поврзан