• петок, 02 август 2024

Австралиската полиција заплени 900 килограми метамфетамин

Австралиската полиција заплени 900 килограми метамфетамин

Канбера, 2 август 2024 (МИА) - Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила 900 килограми синтетичка дрога метамфетамин, со продажна вредност од 538 милиони долари, која била скриена во индустриски машини увезени од САД.

Британските медиуми пренесуваат дека во акцијата полицијата уапсила 31-годишен маж од Сиднеј, осомничен за шверцот на метамфетаминот и му одредила притвор.

Официјални лица истакнаа дека истрагата продолжува и дека може да се извршат повеќе апсења, а заплената на дрогата следела по анонимна дојава и разузнавачки информации од американското Министерство за внатрешна безбедност.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан