Абас пристигна во официјална посета на Сирија
- Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска пристигна во главниот град на Сирија, Дамаск, во официјална посета на земјата.

Дамаск, 18 април 2025 (МИА) – Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска пристигна во главниот град на Сирија, Дамаск, во официјална посета на земјата.
По пристигнувањето на претседателскиот терминал на меѓународниот аеродром во Дамаск, Абас беше примен од сирискиот министер за надворешни работи Асад ал Шибани, заедно со персоналот на палестинската амбасада во Сирија, јави палестинската агенција ВАФА.
Абас треба да се сретне со сирискиот претседател Ахмед Ал Шар и високи сириски претставници за да разговараат за прашања од заеднички интерес и регионален развој. јт/
Фото: МИА архива