• недела, 22 декември 2024

Абас: Време е за прекин на огнот во Газа

Абас: Време е за прекин на огнот во Газа

Каиро, 5 ноември 2024 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека е време да се имплементира Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), која го опфаќа спроведувањето на прекинот на огнот во Појасот Газа.

Абас ова го изјави на Светскиот форум што се одржа во Каиро, главниот град на Египет.

-Откако помина една година од почетокот на геноцидот врз нашиот народ во Газа и на Западниот Брег, време е за итна примена на резолуцијата 2735 на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот, рече Абас.

Абас изјави дека САД трипати го искористиле правото на вето во Советот за безбедност на предлозите за прекин на огнот во Газа од 7 октомври 2023 година и ја нагласи важноста од спроведувањето на резолуцијата 2334, која го повикува Израел веднаш и целосно да престане со неговите активности за населување кои се спротивни на меѓународното право.

Палестинскиот претседател во оваа прилика го обвини Израел и за злосторства како што се геноцид, етничко чистење, узурпација на земјиште и природни ресурси во Палестина.

Обраќајќи и се на меѓународната заедница, Абас повика Израел да биде запрен, за да се осигура дека ќе одговара и ќе се казни за своите постапки и злосторства.

-Полноправното членство на Палестина во ОН е основно право за обезбедување правда и стабилност во регионот, рече палестинскиот претседател Абас.сд/

фото:Анадолија

Остани поврзан