Руте: Важно е Путин да не ги оствари своите цели во Украина
- Рускиот претседател Владимир Путин не смее да ги оствари своите цели во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод илјада дена од почетокот на руската офанзива.
Брисел, 19 ноември 2024 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин не смее да ги оствари своите цели во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод илјада дена од почетокот на руската офанзива.
- Зошто е клучно Путин да не ја постигне својот цел? Бидејќи во спротивно, ќе имаме зајакната Русија на нашата граница, која ќе добие поголема моќ и капацитет за интервенција, рече Руте по пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.
Тој додаде дека е „апсолутно уверен дека Русија тука нема да запре“.
- Русија претставува директна закана за сите нас на Западот, истакна генералниот секретар на НАТО. ссм/
фото: ЕПА