• недела, 14 април 2024

 За брзо возење 160 санкции на подрачје на СВР Тетово 

 За брзо возење 160 санкции на подрачје на СВР Тетово 
Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Во периодот од 14.00 до 20.00 часот вчера на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле откриени и санкционирани 88 возила (ТЕ-43 и ГВ-45) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место.
 
- Осум од нив (ТЕ-5 и ГВ-3) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час, 21 возило (ТЕ-12 и ГВ-9) до 70 километри на час и така натаму. Покрај ова, санкционирани биле и 72 возачи (ТЕ-46 и ГВ-26) кои ја надминале пропишаната брзина во населено место, како и 10 други видови сообраќај и прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-7), соопштија денеска од МВР.
 
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/
 
Фото:МИА

Остани поврзан