• сабота, 27 јули 2024

 „Гласна тишина” - прва самостојна изложба на Мартина Спасовска 

 „Гласна тишина” - прва самостојна изложба на Мартина Спасовска 

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Во Младински Културен Центар - Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Гласна тишина” (Loud Silence) на Мартина Спасовска.  

-Мартина Спасовска во нејзините дела почетно го претставува сопствениот лик (потоа вклучува и други женски ликови видени од нејзина перспектива), не како модел(и) туку како катализатор(и) на проследување на енергијата што ја чувствува и нејзино преобликување во ликовен продукт. Таа во делата што ги создава ги надминува границите на едноставен портрет, сликата оди подлабоко од претставената индивидуа, служејќи како потресна претстава на човековото искуство и соочување со актуелните прашања на нашето време. Преку портретните наративи навлегува длабоко во темите на ранливоста, силата и потенцијалите за трансформација кои битисуваат во сите нас. Поканува на отворен дијалог и интроспекција и ги соочува гледачите со колективните рани и болки што постојат во нас и во нашиот заеднички свет. Притоа, поттикнува подлабоко разбирање на сложеноста на нашето постоење и потенцијалот за посочувствителна и похармонична иднина, се вели во дел од извадоците од рецензијата.
 
Спасовска е родена 1997 во Куманово. Таа е млада визуелена уметница со седиште во Скопје, Северна Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевчевска - Дана. Таа го истражува и користи човечкото месо како главен елемент во нејзините дела, преку кои поставува повеќе прашања за начинот на кој е претставен човечкиот идентитет. Делата ги третира со сложена мешавина на страв, емпатија, деликатес, ранливост и моќ. Таа има изложувано на неколку групни изложби во Македонија, Њујорк, Австрија, Грција, Косово и Турција. фф/бак/

Фото: Фејсбук на Мартина Спасовска

Остани поврзан